На фудбалскиот терен со вештачка трева, четврток (31.03.2016) и петок
(01.04.2016), под покровителство на општина Охрид, а во организација на ЈП
„Билјанини извори“ ќе се одржи фудбалски турнир за деца од основните
општински училишта. Турнирот се реализира во соработка со Сојузот на
училишен спорт Охрид и Бирото за развој на образованието. Овој турнир е дел
од годишната програма на јавното претпријатие, а претставува почеток на
многубројните спортски настани наменети за најмладите кои ќе се одржат во
наредниот период.
Официјалниот старт на турнирот ќе биде, утре, во 10:30 часот, а финалето ќе
се одржи во петок со почеток во 13 часот.
Организаторите за победниците и учесниците имаат обезбедено награди и
признанија.
Натпреварувањата во фудбал продолжуваат во понеделник за кога е закажан
турнирот за средните училишта во Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |