еќе подолг период поголема група од деца го деградираат градскиот парк на потегот од х.Ројал до х.Милениум. Овој потег е хортикултурно уреден од страна на екипите на „Паркови и зеленило„ , засадено е сезонско цвеќе, украсни дрвца и поставени се декоративни земјени саксии. Но децата играјќи го злоупотребуваат просторот, ја оштетуваат тревата, ги кршат цвеќињата и дрвцата, а недоличното однесување кулминира со фрлање на ќуповите во езерските води.
Упатуваме апел до граѓаните, посебно до младата популација, парковите се „душата„ на градовите и истите треба да се сакаат и негуваат, а не да се уништуваат.
За надминување на проблемот Ј.П.Охридски Комуналец побара асистенција од МВР.
Извор: www.ohrid.gov.mk |