Охрид успешно се справува со снежното невреме . Од вчера
вечер и денес непрекинато се работи на расчистување на снегот од сите
јавни површини во Охрид и неговата околина.
Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески од синоќа до утрово
активно учествуваше во расчистување на последиците од невремето кое го
зафати охридскиот регион и цела Македонија.
Синоќа по налог на градоначалникот Бакрачески беше свикан кризниот штаб и
беа мобилизирани сите надлежни служби, јавните претпријатија и
противпожарната единица кои веднаш со своја механизација активно ги
расчистуваат градските и приградски патишта. Сите градски улици од синоќа
се чисти, но снегот кој постојано врне повторно ги покрива со снег.
Чистењето без прекин се уште трае.
Синоќа градоначалникот Бакрачески ги посети и сите здравствени институции
во Охрид, Општата Болница, Специјалната болница за ортопедија и
трауматологија “Св. Еразмо“ и Заводот за кардиоваскуларни заболувања во
Охрид, кои работат непречено и сите пациенти се добро згрижени.
Синоќа механизација од општина Охрид беше вклучена во расчистување на
патот кон превојот Пресека. Во конвојот беше и градоначалникот
Бакрачески кој се вклучи во расчистување на патот и евакуација на
лицата кои се наоѓаат во завеаните возила.
Извор: www.ohrid.gov.mk |