Во Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, денес се реализираше работна средба со извршниот директор Јоан Борас Алаберн и комерцијалниот менаџер за Источна Европа на шпанската компанија за производство, подготовка, производство и трговија со градинарски и овоштарски производи ФРУБЕЛСА, која е една од најголемите компании за производство и пласман на овошје како и еден од најголемите производители на домати во светот со сопствен пласман на производи во Европа, Русија и Арапските земји.
На средбата беа разгледани можностите и условите за инвестирање во производство на градинарски и автохтони овоштарски производи, изградба на откупен и производен центар како и размена на добри практики, искуства и технички know – how, при што група на млади агрономи од Охрид би се обучувале за најновите агро-технички достигнувања кои би ги примениле во текот на реализацијата на планираните инвестицииво Општината Охрид.
Планираната соработка предвидува размена на информации на ниво на соодветни служби од областа на земјоделството со цел реализација на инвестиции што потенцијално би овозможиле неколку стотини директни вработувања и голем број на кооперантски договори во овој стопански сектор.
Извор: www.ohrid.gov.mk |