Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕН МАЛИОТ ГРАДСКИ ПЛОШТАД
Untitled Document

На пригодна свеченост  пред  многубројни охриѓани , денеска  свечено беше отворен Малиот градски плоштад, на просторот  кај поранешната библиотека, кој до неодамна претставуваше неуреден,   запоставен дел од Охрид со што се нарушуваше урбаниот лик на централното градско подрачје.

Охриѓани и сите гости , посетители и туристи на градот, од денес имаат на располагањеуште еден атрактивен простор и уште една препознатливост на Охрид. Но, ниту јас како градоначалник на Охрид, ниту локалната самоуправа не застануваме тука. Напротив, оваа година Општината влегува во градежна експанзија  и отпочнување на  неколку капитални проекти кои ќе го препородат градот и општината. Поддршката која секојдневно ја добиваме од граѓаните , се нашиот мотив да работиме посветено , упорно и отчетно за да ја стабилизираме негативната состојба која ја затекнавме во општината, да обезбедиме развој на Охрид, подигнување на економските перформанси на општината  и што е најважно да создадеме услови за зголемување на вработувањето  и подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани, рече во своето обраќање градоначалникот Никола Бакрачески кој свечено го пушти во употреба Малиот градски плоштад.

Малиот градски плоштад опфаќа простор од 403 метри квадратни, партерно уреден со високо квалитетни мермерни  и гранитни плочи, поставени се клупи за одмор, современо хорти културно осмислен. Инсталирано е подно осветлување и канделабри, а  ѕидините се осветлени со илуминати кои го надополнуваат пријатниот амбиент во вечерните часови. Во реализацијата за Малиот градски плоштад кој е создаден во релативно краток временски период  покрај стручните служби на Општина Охрид,учествуваа и Јавните Претпријатија:Градски гробишта, Ниско градба, Про-аква, Билјанини Извори и Комуналец.
Инаку, денешното свечено ставање во употреба на Малиот градски плоштад беше проследено и со музичко сценски хепенинг на кој учествуваа и членовите од КУД“Распеани герданчиња“.      

 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1279  пати
Објавено на: 05.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©