Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СТОЈАНОСКИ И НОВЕСКА ДОБИТНИЦИ НА ПОВЕЛБАТА “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Untitled Document

 Двајцата млади охриѓани,  фотографот Стојан  Стојаноски  и оперската певица Миланка Новеска се годинешни добитници на  Повелба“ Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“. Имињата на добитниците денес  ги обелодени  претседателот на   комисијата за одбележување манифестации и доделување на награди и признанија ,Дејан  Паноски.

“Делата кои што Стојаноски ги има направено  како професионален  фотограф се објавени на светски најпознатите медиуми што претставува една извонредна слика за Охрид  и извонредна позитивна промоција  на градот, како природна и културна  убавина и  реткост. Вакви  фотографии   денес да ги имате објавено на медиуми како што се SNN, Дојче Веле, Foksnews  како и  сајтот на НАСА е вистинско достигнување со кое што Охрид треба да се гордее, затоа што и еден сегмент од слика или име на градот да го имате на овие светски медиуми е реклама  која што може да се користи во туристички и останат вид промотивни цели за Охрид“, рече Паноски, образложувајќи зошто петчлената комисија одлучила Стојаноски да биде еден од добитниците на повелбата.    
“Миланка Новеска на своите настапи, на домашно и меѓународно ниво покажала еден добар сигнал за Охрид , докажувајќи дека во градов има квалитетни кадри кои се позитивно оценувани и дома и во светот“ потенцира Паноски, осврнувајќи се на достигнувањата на младата солистка.

Повелбите на добитниците ќе им бидат доделени на свечената академија што по повод патрониот празник на градов ќе се одржи на 8-ми декември во Центарот за култура “Григор Прличев“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1241  пати
Објавено на: 03.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©