Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УТРЕ ВО ОХРИД ЗАВРШУВА „БАЛКАН РЕЛИ МАРАТОНОТ“ 2014
Untitled Document

Натпреварувачите своите мотоцикли, четвороцикли и теренски возила, со кои учествуваа на релито по завршувањето на ревијата ќе ги изложат на Кејот Македонија, со што туристите и охриѓани ќе имаат несекојдневна можност да се запознаат, фотографираат и разгледаат возилата од ваков тип.  Подоцна во 19 часот на свеченоста која ќе биде збогатена со културно – уметничка програма ќе бидат доделени медалите и признанијата за најдобрите во секоја категорија.


Инаку балканскиот „Дакар“ како што го нарекуваат ова рели, започна на 5-ти септември од Самоков, Република Бугарија, а завршува на 11-ти септември во Охрид, Република Македонија. Ова е петто издание, а на него учествуваат околу 50 натпреварувачи со мотоцикли, четвороцикли и теренски возила од 10 држави, меѓу кои има и светски познати имиња на рели натпреварувањата.  Поголем дел од нив успеаја да ја поминат две илјади километарската патека, која беше содржана од брзински испити и атрактивни рути.


Со караванот на релито, доаѓаат и 8 новинари од земјите учесници , кои ќе прават прилози за атрактивните оф роад патеки во поширокото подрачје на охридскиот регион.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1321  пати
Објавено на: 10.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©