Градоначалникот Никола Бакрачески, синоќа присуствуваше на отворањето на
54 –то издание на најпрестижната музичко- сценска манифестација во
земјава, фестивалот “Охридско Лето“.
На сцената на Антички театар, пред неколку илјадната публика настапија
светски познатите уметници од Италија, оперската дива, Барбара Фритоли и
еден од најдобрите баритони на сите времиња, Лео Нучи, придружувани од
оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро
Луис Горелик од Аргентина. На задоволство на публиката тие ги изведоа
најпознатите дела на италјанскиот композитори Џузепе Верди, “Травијата“,
“Сицилиска вечер“, “Дон Карло“, “Моќта на судбината“ и “Симон Боканегра“.
Инаку, со палењето на традиционалниот фестивалски оган започна и
овогодинешното издание на фестивалот “Охридско Лето“ а за
отворен го прогласи претседателот на државава Ѓорге Иванов.
Пред почетокот на концертот со едноминутно молчење публиката им одаде почит
на загинатите припадници на МВР кои неодамна го загубија животот во
хеликоптерската несреќа во близина на Струмица. Во име на уметниците жалење
за загубата изрази диригентот Горелик, кој истакна дека концертот го
посветуваат на трагично загинатите.
Извор: www.ohrid.gov.mk
|