Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГОДИНАВА ЗАПОЧНУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ ОД ОХРИД ДО СВ. НАУМ
Untitled Document

До средината на оваа година ќе биде готов проектот  за изградба на магистралниот пат од делницата кај  бензинската пумпа  Билјанини извори до селото Пештани а на   крајот од оваа или почетокот на наредната година ќе започне  неговата  реализацијата, најави вчера директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски кој беше во работна посета на Охрид.

-Се проектира широчина на магистралниот пат од околу 12 метри со четири коловозни ленти по двата патни правци.  Владата веќе размислува и прави нацрт конструкција до крајот на оваа и почетокот на наредната година да започне со реализација на проектот. Секако дотогаш ќе бидат расчистени имотно правните односи. Втората фаза ќе го опфаќа делот од магистралниот пат од Пештани до  манастирскиот комплекс Св. Наум  односно до граничниот премин со Република Македонија. - изјави директорот Георгиевски.

-Трасирањето на овој патен правец за нас како Локална Самоуправа е од особена важност. Секако дека тој е неопходно да се изгради, низ него секојдневно минуваат возилата на жителите кои живеат во охридските села од таа страна до Св. Наум. Овој патен правец е особено значаен во летниот период кога низ него минуваат по илјадници возила, движејќи се од Охрид кон плажите и назад. Затоа овој проект е многу важен и истиот го поздравуваме -вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Магистралниот пат од Охрид до Св. Наум ќе се гради по целосно нова траса.  Патот го тангира односно поминува непосредно до националниот парк“ Галичица“. Токму поради тоа се   очекува истиот при реализацијата да биде прифатен од јавноста.         

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1235  пати
Објавено на: 14.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©