Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СО ЗАЛОЖБА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПОЛОЖБАТА НА ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ
Untitled Document

Иницирањето на активности за поголема пристапност и учество на лицата со телесен инвалидитет во општествените текови на Охрид и доследната примена на законските прописи кои градоначалникот Бакрачески ги најави за непречена работа на лицата со телесен инвалидитет од денеска започнаа да се остваруваат и во пракса.

Во општинската зграда, Градоначалникот свечено ја пушти во употреба инфо точката наменета за лицата со посебни потреби од каде оваа група на граѓани преку отворена телефонска линија и лице задолжено да им излезе во пресрет, непречено ќе можат да ги задоволат своите барања и полесно да ги решат проблемите со кои се соочуваат.

Денес со посебно задоволство сакам да ја промовирам инфо точката за лица со посебни потреби која е резултат на разговорите со Здруженијата на лица со посебни потреби, што значи сето ова е резултат од заедничката координација и потребата за подобар сервис на лицата од страна на администрацијата на општина Охрид – истакна градоначалникот Бакрачески.

Веднаш после влегувањето во општинската зграда, лицата ќе можат да пристапат до оваа инфо точка да повикаат на локал 100 и веднаш ќе биде пратено лице кое ќе ги спроведува сите сервисни услуги на лицата со посебни потреби.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1357  пати
Објавено на: 08.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©