Во насока на подобрување на условите за спортување,односно оставрување на заложбите на Локалната самоуправа за омасовување на спортот во Охрид со што ќе се даде значаен поттик на младите, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ го чистеа шутот околу спортските терени кои се во склоп на спортскиот центар „Билјанини извори“.
Предвидено е во најскоро време да биде поставена и соодветна конструкција за осветлување на терените, а ќе бидат заменети и старите табли со нови со што ќе се врати функционалноста на терените.
Извор: www.ohrid.gov.mk |