Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТУРИСТИЧКИ ИНФО ЦЕНТАР ВО ОХРИД
Untitled Document

Имајќи во предвид  дека успехот на туристичката дестинација  во голема мера зависи од начинот на презентирање на истата и достапноста до информациите со кои располагаат туристите кои доаѓаат во Охрид,  на аголот меѓу улиците„ Македонски просветители“ и „ Партизанска“    поставен e новиот типизиран туристички инфо центар, каде туристите ќе можат да ги добијат сите потребни информации за туристичката понуда на градот, податоци за расположливите сместувачки капацитети и информации за актуелните настани во градот.

 Со цел да се зголеми протокот на информации до туристите кои престојуваат во Охрид , а имајќи во предвид дека ова место е едно од најфеквентните локации во летниот период , Секторот за туризам и ЛЕР ја избра оваа локација како најсоодветна за поставување на туристичкиот инфо центар.

Поставувањето на новиот Инфо центар ,надограден со елементи карактеристични на охридската едрилица, е во рамки на проектот„WaterNet“, а во периодот шо следи ќе биде извршено и ентериерно уредување на објектот. Веднаш по завршувањето на активностите Инфо центарот ќе биде пуштен во употреба.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1375  пати
Објавено на: 05.12.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©