Во изминативе денови екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски
Комуналец” беа дополнително ангажирани со уредување и чистење на улиците и
парковите во тек на раните утрински часови, како и преку целиот ден после
забавите и концертите, како последица на големиот број на гости во градот.
Беа собрани големи количини на пластични шишиња, хартија и друг вид на
отпад, како во центарот на градот така и на плажата парк. Беше исчистен и
градскиот стадион по договор со јавното претпријатие “Билјанини Извори”.
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |