По налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина
Охрид а во рамки на акцијата за расчистување на локалните и регионалните
патишта на територијата на општина Охрид, денес екипи на Јавното
претпријатие “Охридски комуналец“ започнаа со расчистување на локалниот пат
што води од селото Орман до селата Горно и Долно Лакочереј. Патот е во
должина од 1 200 метри и за неговото чистење покрај оперативните
екипи на ЈП “Охридски комуналец“ ќе се користи и полесна механизација.
Акцијата се очекува да трае неколку дена и е продолжение на акцијата за
расчистување на регионалниот пат Охрид - Св. Наум.
Од Секторот за комунален развој при општина Охрид , најавуваат чистење на
речиси сите локални патишта со цел побезбедно дочекување на
зимската сезона.
Извор: www.ohrid.gov.mk |