Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПРЕД НАДЛЕЖНИТЕ ЌЕ ГО ВЛОЖИ ЦЕЛИОТ АВТОРИТЕТ ЗА ПОСКОРО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ЕМО
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, максимално  во рамки на законските  регулативи и можности и   понатака ќе го продолжи своето перманентно влијание и комуникации со владини претставници со цел вработените во некогашниот охридски гигант  ЕМО поскоро  да ги остварат своите права  предвидени со законот за работни односи, ова беше заклучено на работниот состанок  што денес на барање на синдикатот на ЕМО  беше реализиран со градоначалникот Бакрачески.   

Како прв човек  на градот, кој води грижа за сите охриѓани , иако АД ЕМО  не е под надлежности на Општината , Градоначалникот со интерес ги сослуша сите проблеми и барања на вработените  и вети дека максимално ќе се заложи и ќе влијае кај надлежните за нивно поскоро решавање.

На средбата се разговараше околу можноста  за исплатата на  неисплатени плати од  2011 година навака, исплаќање на придонеси за пензиско  и здравствено осигурување   за оние кои сега се вработени, како и стечаен надоместок до пензионирање за лицата кои имаат 25 години работен стаж  а кои не можеле да се пензионираат поради неплатени придонеси.   

Она што е моја обврска како градоначалник и она  за што посебно се интересирам  е овие граѓани, односно вработени во ЕМО  да ги остварат своите права кои што се предвидени со законот за работни односи. Јас перманентно го правам тоа , изминатиов период,  постојано сум во комуникација со надлежните институции, со Владата на Р. Македонија . Денес им дадов уверување на претставниците од Синдикатот на ЕМО  дека  секогаш  кога ќе имам можност ќе делувам и   ќе  влијаам   врз  надлежните институции  и сите субјекти кои се вклучени во решавање на проблемите во ЕМО, со цел овие охриѓани поскоро да го надминат  проблемот со кој се соочуваат , изјави  непосредно  по работната средба градоначалникот Бакрачески.

 

Драган Цветаноски од регионалниот совет  на ССМ  се  заблагодари на интересот на   градоначалникот Бакрачески, детално да   се запознае со проблемите со кои се соочуваат вработените во АД ЕМО, иако ингеренциите за оваа фирма не се под надлежност на Локалната самоуправа.

 По исцрпното излагање од наша страна за проблемите со кои се среќаваат вработените, градоначалникот изјави желба да стапи во контакт со повисоките институции, односно со Премиерот на Република Македонија, потоа со надлежните министри  со цел тие  да преземат некои активности во насока на решавање на проблемите со кои се соочуваат вработените. Наш предлог како преговарачки тим е, ако е можно да се изнајде определено решение за подготвување на определен пакет за исплата на плата и придонеси на вработените како тоа што го направи во два наврати Владата на РМ, потоа да се реши проблемот со идниот статус на вработените,  како и  решавање на проблемите  на оние на кои им престанал работниот однос,  доколку е можно со плаќање на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување  да можат да го остварат правото за пензија, рече Цветаноски , кој се  заблагодари за  големиот интерес на градоначалникот    затоа што се обврза  да стапи во контакт со повисоките институции, за  решавање на  проблемите кои ги мачат вработените во ЕМО.

Градоначалникот Бакрачески,  им укажа на претставниците од Синдикатот на ЕМО  за  големите владини заложби   за решавање на проблемот во  оваа фирма а потсети и дека во  изминатите неколку години Владата интервенираше со два финансиски пакети со кои беа исплатени и дел од платите и дел од придонесите на вработените во  ЕМО.

- Се надевам дека тој тренд на грижа на Владата на Р. Македонија ќе продолжи и понатака. Владата е во интензивни преговори за рестартирање на целокупното производство на ЕМО. Една од германските компании која претходно ја најавувавме реши да инвестира во Охрид и да рестартира   дел од погоните на оваа фирма.  Се чека на нивната конечна одлука.  Ова   компанија  произведува делови за автомобилска индустрија  и  во наредните 3-4 години би вработила 800 до 1000 луѓе при што предност  за вработување би имале   лица  кои што веќе работеле во ЕМО,рече градоначалникот  Бакрачески  и додаде дека во исто време Владата преговара со уште две компании кои што се инвестираат за  дел од погоните.

Една од компаниите се интересира за рестартиање на производството во делот на челични конструкции и далеководи а другата,  е заинтересирана да инвестира во производството на трансформатори. Станува збор на сродни компании кои би овозможиле реставрација во ЕМО. Тие преговори зависат пред се од конечната одлука на германската компанија  која би презела поголем дел од погоните  и би произведувала делови од автомобилската индустрија. По таа конечна одлука ќе се знае дали другите две компании, едната од соседството ,другата од ЕУ ќе влезат во ЕМО  и ќе рестартираат  негови делови.               

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1312  пати
Објавено на: 19.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©