Спортскиот центар „ Билјанини Извори “ со својата инфраструктура и оваа
година е еден од најинтересните центри за одржување на припреми за
спортските клубови од регионов а и пошироко. Доказ за тоа се припремите на
професионалните клубови кои се натпреваруваат во највисок ранг.
Од денеска 12.07.2016 година на терените на припреми допатува ракометниот
двократен првак и учесник во лигата на шампиони на Украина во ракомет
екипата на Мотор Запорожје.Тренерот на екипата Степанетс Николај после
првиот одржан тренинг на екипата на атлетската патека на стадионот е многу
задоволен од условите и терените кои му стојат на располагање. Тој заедно со
својата екипа за прв пат доаѓаат во Охрид и се надеваат дека Охрид од сега
ќе им биде таргет место за одржување на припреми на својата екипа пред
големите настапи кои ги очекуваат во домашното првенство и Еврокуповите.
Покрај оваа екипа на терените на СРЦ „ Билјанини извори “ тренираат и
фудбалските екипи на „ Ренова “ - Тетово и екипата на Македонија Ѓорче
Петров - Скопје, а до крај на месецот и во Август се очекуваат да пристигнат
фудбалските екипите на Тирана и Партизани од Албанија и екипата на Приштина
од Косово.
Извор: www.ohrid.gov.mk |