Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ЌЕ БИДЕ ПРОГЛАСЕН ЗА СВЕТСКИ ГРАД НА ХУМАНИЗМОТ
Untitled Document

-По повод 1.100 годишнината од смртта на Св. Климент Охридски, вгодина Охрид ќе биде прогласен за Светски град на хуманизмот. Постапката е започната во консултации со познати  интелектуалци  и уверен сум дека ќе ја реализираме оваа идеја на Охридската академија на хуманизмот- најави синоќа претседателот на Академијата Јордан Плевнеш.Тој додаде дека во консултации со градоначалникот Никола Бакрачески, ќе се одбере локација, на која ќе биде поставен „ Ѕид на хуманизмот“ на кој  ќе се пишуваат добитниците на Светската награда за хуманизам.

Во Охрид, градот на УНЕСКО, што ги следи духовните визии на Св. Кирил и Методиј, заштитиниците на Европа и нивните ученици Св. Климент и Св. Наум, ова меѓународно признание се издигна во светски рамки со престижните добитници кои ја пренесоа славата на Охрид, како словенски Ерусалим на сите Меридијани. Досегашни добитници се: Даисаку Икеда – Јапонија, Маноел де Оливеира – Португалија, Александар Сложеницин – Русија, Рави Шанкар – Индија, Питер Брук – Велика Британија, Вида Огњеновиќ – Србија, Херта Милиер – Германија и Светлин Русев – Бугарија и годинашниот лауреат Џон Ралстон Сол  од Канада.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1320  пати
Објавено на: 19.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©