Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ХУМАНОСТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПОВТОРНО НА ДЕЛО- ПОМОШ ЗА МАРМАЧОСКИ ЧИЈ ДОМ БЕШЕ ОПОЖАРЕН
Untitled Document

Градоначалникот    Никола Бакрачески денеска на лице место направи увид  на куќата  од  охриѓанецот   Димко Мармачоски   што беше опожарена  пред два дена. Градоначалникот заедно со својот тим ја  констатираше направената  штета и потенцираше дека општина Охрид во рамки на своите можности максимално ќе му помогне на Мармачоски. Со тоа продолжува праксата која веќе две години ја води актуелното  локалното раководство    да  дава    несебична  поддршка  за семејствата  чии домови биле опожарени .

- Изразуваме жалење за сета штета , но секогаш сме тука да им помогнеме на граѓаните на Охрид.   Ние во рамките на своите ингеренции изминативе две години им помагавме на сите лица чии домови биле опожарени ,ги исплаќавме и  оштетите за  лица чии домови биле опожарени во 2011 –та година а кои за жал не биле обештетени од претходната локална гарнитура  иако за  некои од нив имаше и одлука на Совет. Ние ја прекинавме таа лоша пракса на претходното локално раководство. Наш став е дека луѓето мора навремено  да бидат обештетени  а нивните  домови  навреме санирани. Со оглед на тоа што оваа куќа на Мармачоски е доста оштетена и не дава повеќе услови за сместување, додека трае проценката на штетата и  реконструкцијата  на домот ќе бидат преземени сите мерки и активности кои се во надлежност на локалната самоуправа да се санираат  штетите и  што побрзо  Димче  да биде повторно  сместен во својот дом. Како  што постапувавме и  со останатите охриѓани кои се соочуваа со овој  проблем и  Мармачоски ќе добие финансиска и материјална помош од општина Охрид, рече градоначалникот Никола Бакрачески .

Мармачоски кој утрово побара помош во Општина Охрид    се заблагодари на ажурноста и интересот на градоначалникот кој веднаш по неговата дојава  излезе на терен  и ја   констатира направената штета.  

- Изразувам благодарност до   Градоначалникот Никола Бакрачески  што веднаш по мојата дојава  во  општина Охрид , дојде  и на лице место  ја констатираше направената штетата, изјави Мармачоски.

Пожарот во домот на Мармачоски изби на 7-ми  февруари годинава по што веднаш   пламените јазици  беа совладани  од службите на Против пожарната единица од Охрид.
До санацијата на штетата и реконструкцијата на куќата , Мармачоски  најверојатно ќе биде сместен во објект на Месната Заедница кој ќе биде адаптиран и ќе ги исполнува  потребните  услови  за живот.

За неполни две години од својот буџет  за опожарени куќи општината има исплатено     вкупно  2. 475. 771. 00 денари.         

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1327  пати
Објавено на: 09.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©