Со пригодна свеченост, утре, со почеток во 11 часот на Градскиот плоштад
ќе се одбележи Светскиот ден мирот.
Во програмата за одбележување, предвидено е да се положи свежо цвеќе на
бистите од паднатите борци и илинденци во Градскиот парк, понатака ќе се
чита пораката на Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун.
Во рамки на манифестацијата ќе се обратат претставници на организаторите,
општина Охрид и од Сојузот на борици од Охрид и Дебрца.
Настанот ќе биде проследен со културно – уметничка програма.
Извор: www.ohrid.gov.mk |