Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
“ОХРИДСКА СОФРА“ ВО СКРЕБАТНО
Untitled Document

Во сабота, во излетничкиот комплекс кај селото Скребатно ќе се одржи манифестацијата „Охридска софра“ која е во организација на Општина Охрид во соработка со Факултетот за туризам и угостителство. Со тоа, на некој начин ќе биде најавен крајот на туристичката сезона.

На овој начин, не само што ќе дадеме еден симболичен крај на туристичката сезона, туку ќе извршиме пообемна промоција на традиционалните охридски специјалитети, кои што верувам се добро познати насекаде – истакна раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов.

На манифестацијата ќе бидат презентирани традиционалната храна и пијалоци.Студентите од Факултетот за туризам и угостителство и охридските ресторани ќе ги покажат своите кулинарски вештини, апрограмата ќе биде збогатена со настап на ансамблите „Билјана Јуниор“ и „Зарина“, а како главни звезди на манифестацијата, концерт ќе одржи групата „Љубојна“.



За сите заинтересирани граѓани Локалната самоуправа обезбеди бесплатен превоз од Лескоец до Скребатно.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1235  пати
Објавено на: 23.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©