Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ИЗДАВА ЈАВНА ПОВРШИНА ЗА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ЛИЗГАЛИШТЕ
Untitled Document

О Г Л А С  БР. 07/2014


ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ
НА ЈАВНА ПОВРШИНА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ЛИЗГАЛИШТЕ
(ПРИМЕРОК ЗА ПОНУДУВАЧИ)


 
  1. Со цел збогатување на програмата во зимскиот период со рекреативни и забавни содржини, Општина Охрид издава јавна површина  за поставување на лизгалиште на мраз.
  2. Површините за поставување на урбаната опрема се за следната намена:
 
          2.1 ПОСТАВУВАЊЕ НА ЛИЗГАЛИШТЕ
Површините за поставување на ЛИЗГАЛИШТЕТО се лоцирани на Градскиот Плоштад ,,Св.Климент Охридски,,.
     Графички приказ со нумерички ознаки на локацијата дадени се во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2014 година.
     Површината наменета за поставување на лизгалиштето изнесува 300 м2.
 
Увид за местоположбата на површинaта, утврдена во графичкиот прилог на програмата за поставување на урбана опрема според намената утврдена во точка 2,  може да се изврши од 15.12.2014 до 16.12.2014 година во период од 12 -15 часот во просториите на Општина Охрид.
 
         Целта на поставување на лизгалиштето е создавање поголема културна и забавна понуда која би ги поттикнала домашните и странските гости да го посетат Охрид не само за време на Новогодишните празници туку и во периодот после нив односно до Големиот Христијански празник Богојавление-Водици.  Истото вооедно има за цел да ги анимира и Охриѓани да го посетат градскиот плоштад и да уживаат во забавата на мраз, како забава за сите генерации.
         Со оглед дека периодот за кој ќе се поставува лизгалиштето се совпаѓа со Зимскиот распуст на учениците од основните и средните училишта, за нивно рекреирање и задоволство ќе имаат одлична шанса да ги научат првите чекори во лизгањето и да уживат во него преку обезбедување на бесплатни термини за негово користење во однапред утврдени денови од закупецот и закуподавачот на јавната површина .
 
    3. Почетна  цената за издавање на локацијата е  75.000,оо денари./месечно
Во почетната цена за издавање на локација не се содржани комуналната такса, одржување на хигиена и приклучок и потрошок на електрична енергија.
Комуналната такса за поставување на урбана опрема-лизгалиште изнесува 7 денари по м2 дневно.
           3.1 Почетната цена се однесува:
- за период од 30 дена согласно Одлука на Совет. 
           3.2 Трошоците за хигиена и електрична енергија вклучително и приклучок паѓаат на товар на понудувачот.
 
       4. Договорот со најповолниот понудувач ќе се склучи за времетраење од 30 денови.
 
       6. Поставувањето на  лизгалиштето ќе отпочне по склучувањето на Договорот и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште. Закупецот има обврска по склучување на договорот да изготви идеен проект за поставување на лизгалиште и истиот да го достави до Секторот за урбанизам со цел добивање одобрние за негово поставување со кое поблиску ќе се утврдат условите, начинот и отстранувањето на лизгалиштето.
 
       7. Доставување на понуда
 
             7.1 Понуда  може да достават сите физички и правни лица регистрирани за вршење на  дејноста наведена во точка 2.
            7.2 Учесникот на огласот (понудувачот) треба да достави:
       - Документ за регистрирана дејност, издаден од  Централен регистар на РМ-за правни лица или соодветен документ - доказ дека припаѓа на соодветно здружение-за физички лица, (не постар од 6 месеци);
       -  Потврда дека нема заостанати обврски кон Општината по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; Издавач на потврдата е Секторот за финансиски прашања при Општина Охрид.
       -  Понуда на унифициран образец (Унифицираниот образец може да се подигне директно во просториите на Општина Охрид).
      -  Уплатница на име депозит за учество во висина од 3000.оо денари.
 
             7.3 Понудата треба да биде доставена во затворен ковер со назнака,,До Општина Охрид, ул.„Димитар Влахов“ бр.57 - 6000 Охрид за оглас 07/2013 (поставување на лизгалиште), со задолжителна назнака ,,Не отворај’’.
             7.4 Понудите да се достават најкасно до 19.12.2014  година до 14:00 часот преку пошта или лично во архива. Понудите пристигнати после наведениот рок нема да се разгледуваат.
             7.5 Понудата да биде со важност од 30 дена.
              7.6 Депозитот за учесниците кои нема да ја добијат локација на јавното наддавање е повратен, додека за учесникот кој ќе ја добие локацијата на јавното наддавање ќе се одбие од вкупната цена на склучениот договор.
      8.Начин на отворање
             8.1 Јавното наддавање ќе се изврши на 22.12.2014 година во 12 часот во просториите на Општина Охрид согласно Правилник кој ќе му биде достапен на секој понудувач.
            8.2 За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена под услов да го исполнува условите предвидени во точка7.2.
     9.Склучување на договор
            9.1 Договор ќе се склучи со понудувачот кој  понудил највисока цена на јавното наддавање.
             9.2 Пред склучување на договорот понудувачот е должен во целост да ја измири понудениот износ вклучувајќи ја и комуналната такса.
 


 
 
                                                               КОМИСИЈА ЗА ПРОВЕДУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ
                       
 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1330  пати
Објавено на: 13.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©