Градоначалникот Бакрачески продолжува со директните средби со граѓаните на Охрид. Утре (06.10.2015) со почеток во 17 часот ќе оствари средба со жителите на УЗ Видобишта и УЗ Железничка. Средбата ќе се оствари во големата сала на општина Охрид.
На средбата покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на Јавните претпријатија. Целта на средбата е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие жители и можностите за нивно побрзо решавање.
Извор: www.ohrid.gov.mk |