Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ПРИМЕНА ВО МЕЃУНАРОДНА АСОЦИЈАЦИЈА
Untitled Document

Општина Охрид стана редовна членка на Меѓународната Асоцијација поврзана со европските вредности на делото на Св. Кирил и Методиј.

После претходно воспоставената меѓународна соработка со Регионот Злин од Моравија, од 1 Октомври 2014 год. Oпштина Охрид е примена како редовна членка на Меѓународната Асоцијација “European Cultural Route of St.Cyril and Methodius” со седиште во Чешка. Пред тоа претходеше процес на аплицирање и процедура за прием во меѓународниот конзорциум.

Целта на оваа Асоцијација е развој на туризмот, културата, соработката, истражувањето и образованието, подготовка на  заеднички европски  партнерски проекти, како и развој на културната рута на Св. Кирил и Методи- која ќе опфаќа голем број на земји од Европа и ќе се одвива во етапи.
На 15 Октомври 2014 во Чешката Република во областа Моравија,  се одржа првиот состанок на Генералното Собрание на Асоцијацијата и Меѓународна Конференција на која присутвуваа претставници на региони и организации од Чешка, како и официјални претставници од други европски држави членки (Словачка, Италија и Македонија- Општина Охрид).

Антонио Балески беше претставник на Општина Охрид  и учествуваше во работата на Генералното Собрание на Асоцијацијата и Меѓународната Конференција. Од сите присутни беше искажано големото одушевување што Охрид е дел од оваа Асоцијација, со оглед на неговото значење за Европа и за светот со своето културно-историско и природно наследство.

Оваа Меѓународна Асоцијација константно ќе се дополнува со нови членки и од други европски држави, кои се поврзани со  делото и европската мисија на Св. Кирил и Методиј.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 17.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©