Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ПРОМОВИРАН ВО ЗАЕДНИЧКОТО ВИДЕО НА ЕВРОПСКИОТ ПРОЕКТ LAKTIVE TOURISM
Untitled Document

Проектот LAKtive Tourism е  од COSME Програмата на Европската Унија –LAKtive Tourism претставува Европски партнерски проект од повеќе европски земји од Европската Мрежа на Езера и тоа:

Општина Исео од Италија,
Општина Охрид од Македонија,
Општина Манзанарес Ел Реал од Шпанија,
Општина Блед од Словенија,
Регионот Леитрим од Ирска,
Општина Кандиа Канавезе од Италија,
Организација на сениори од Блед и
Два туроператори: Виспој од Охрид и Кооптур од Италија (вкупно 9 партнери во проектот).

  • Општина Охрид е прв партнер од  Македонија  која доби Грант од COSME Програмата на Европската Комисија
  • Со Проектот LAKtive Tourism се одобрени вкупно  41.131 евра за Општина Охрид за реализација на проектните активности од кои 30.000 евра е Грант од Европската Унија, плус дополнителен грант во висина од 17.000 евра за охридскиот туроператор.
  • Главната цел на Проектот е   продолжување на туристичката сезона со целна група сениори. Со Проектот ќе се креира на туристичка понуда  за целна група сениори ( 55 +) и престој во Охрид вон главната сезона, како и креирање на туристички производи прилагодени за целната група на пректот (неколкудневни аранжмани кои ќе се продаваат на европскиот туристички пазар со цел привлекување на гости и туристи во ниска и средна сезона, а со самото тоа и за продолжување на туристичката сезона во Охрид.
  • Со овој проект Охрид се промовира во пошироки европски рамки, на нови европски пазари и  ќе се креираат конкретни туристички производи базирани на светското културно и светското природно наследство на Охрид, а притоа ќе се користат европски средства за нивна реализација.

Во продолжение е ЛИНКОТ  ЗА ВИДЕОТО https://www.youtube.com/watch?v=xe37_hjktY4 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1382  пати
Објавено на: 14.03.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©