Општина Охрид,по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја 22-ри Април, денес ја отпочна акцијата за собирање отпад од електрична и електронска опрема.
Овој вид отпад спаѓа во опасен отпад и не смее да се меша со останатиот комунален отпад.За таа цел овој вид отпад ќе го собира и третира фирма која од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ има соодветна дозвола.
Акцијата се спроведува во три дена и тоа на 18, 19 и 20-ти април од 10 до 18 часот на две локации: кај полигонот за мали спортови на улицата „Партизанска“ кај ресторан „Европа“ и на просторот пред продавницата за акумулатори „АКУМА ТРЕЈД“ на улица „15-ти Корпус“ бр.104 на патот за с. Лескоец.
Општина Охрид апелира до институциите, фирмите и граѓаните кои поседуваат неисправни монитори, компјутерски процесори, принтери, тастатури и останата компјутерска опрема, како и телефони, вентилатори, звучници, правосмукалки,телевизори и други апарати од домаќинството да ги донесат до најблиската за нив локација.
Извор: www.ohrid.gov.mk |