Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОЕКТОТ „ КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“ ПРЕЗЕНТИРАН ВО ОХРИД
Untitled Document

Во организација на Министерството за финансии и општина Охрид, поладнево се одржа јавна презентација на проектот „ Купи куќа за млади“ . Во преполната голема сала на општина Охрид, беа претставени погодностите на проектот и условите за аплицирање, а секретарот на општина Охрид Димитар Спасески ги образложи преземањата на Локалната самоуправа за понудата на плацеви и други форми за полесно решавање на стамбеното прашање на младите.

-Се работи за исклучително важен проект кој на младите им нуди трајно и со најповолни услови и погодности да го решат стамбеното прашање.Проектот овозможува врз постоен легален објект да се изврши доградба или надградба и  да се гради на сопствено  или државно земјиште купено на аукција за кое ќе биде донесена урбанистичка документација.Согласно со усвоените измени во Законот за градење за оние кои сакаат да доградуваат постојни објекти, тоа ќе можат да го сорат без измени во Деталните урбанистички планови до висина од 10,20 метри .
Бидејќи општина Охрид не располага со градежно неизградено земјиште во државна сопсвеност во потесното градско подрачје, заинтересираните погодностите ќе можат да ги користат на неколку локации во поширокиот опфат и во руралните средини.Првиот опфат е во близина на населбата „ Радојца Новичиќ“ каде на 15 хектари се планирани 100 плацеви за типски куќи, вториот е во месноста „ Вишо“ над Долно Лакочереј, каде 60 плацеви ќе бидат на државно, а останатите на приватно земјиште и третиот опфат е во близина на нселеното место Сирула.Државното земјиште ќе се продавана аукција за цена од едно евро за метар квадратен.
По налог на градоначалникот Никола Бакрачески, Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, интензивно работи на подготовка на такавиканите општи акти за село, со кои ќе се обезбедат дополнителни плацеви во руралните средини. Во завршна фаза, вакви општи акти се за селата Љубаништа и Велгошти, а во напредната фаза се актите за Елшани, Коњско,Долно Лакочереј и Лескоец-
објасни секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.   

Претставниците на Министерството за финансии објаснија дека новиот проект на Владата на Република Македонија „ Купи куќа за млади“ има за  цел обезбедување поддршка за нова куќа  на лица до 35 години, без оглед на брачниот статус, како и за зголемување на наталитетот, преку можностa за избор на два модела за субвенционирање.

-Со првиот модел, за кредит до 20 години  и максимален износ до 50 илјади евра, државата  ќе ја субвенционира месечната рата 11 години, и тоа во првите осум години 80% од нејзиниот износ, а во останатите три години 50%. Со вториот модел целосно се субвенционира учеството за кредитот зависно од износот што ќе биде земен.
Условите за добивање субвенција од државата преку проектот се генерално исти како за проектот “Купи куќа, купи стан“, освен првичниот критериум за возраста на лицето што ќе го земе кредитот, најмногу до 35 години. Воедно, барателот на субвенцијата, без оглед на брачниот статус, не треба да има живеалиште на свое име ниту пак да има подигнато кредит. Ако корисникот е поединец, за да користи субвенција треба да е на возраст до 35 години и да има месечни примања до 900 евра, а ако станува збор за сопружници, тогаш барем едниот од нив треба да биде на возраст до 35 години и вкупниот приход да им биде до 1.300 евра. Проектот се однесува само за стекнување нови невселени куќи изградени од градежни компании, како и за изградба на сопствена куќа на свое земјиште или пак надградба и доградба
- рекоа претставниците на Министерството за финансии.

Позитивни ефекти од примената на овој проект, како што беше речено на денешната презентација, Владата очекува и кај градежните компании што градат нови куќи, како и кај фирмите за производство на градежни материјали и фирмите за внатрешно и надворешно уредување.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1361  пати
Објавено на: 24.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©