Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АСФАЛТИРАНИ БРОЈНИ УЛИЦИ ВО ОХРИД
Untitled Document

За период од една година и три  месеци откако на власт е градоначалникот Никола Бакрачески, асфалтирани се вкупно 30 400 метри квадратни улици во општина Охрид:


-  асфалтирани се делови од улицата“ Карпош Војвода“ и “АСНОМ“. Ново асфалтираниот дел на ул. “АСНОМ“ е со површина од 1 800 м2. Во рамки на програмата за комунален развој се асфалтираше :
-Дел од улицата “Јане Сандански” со површина од 1 950 м2,
-улицата “Сирма Војвода“ на површина од 4 517 м2,
- целосно е асфалтирана улицата “Богомилска со површина од 1 743м2,
-целосно ревитализирана и асфалтирана е  улицата “Крум Точко” во површина од 1 940м2 ( на оваа улица се изврши реконструкција на водоводната мрежа во должина од 319 метри, се постави и атмосферска канализација во должина од 230 метри.
- Улицата “Ристо Чадо“ е проширена во должина од 200 метри.
- Извршено е асфалтирање на тесни улици и прекопи во населба “Гоце Делчев”, ул. “Македонска Ударна Бригада”, крак  на улица  “Момчило Јорданоски”, улица “Богомилска”, улица “Караорман” пред градинката “Јасли“ , улица “Галичица“,улица “Ванчо Питошески“ , село Велгошти, улица “8-ми Март“, улица “Прилепска“, улица “28-ми Април“, село Велгошти пред училиште, село Завој и пат Горно Лакочереј- Долно Лакочереј – Орман. Асфалтирани се улички во Пештани.
-патот Вапила –Сирула, реконструкција 1 700 м2 и изработка на нов пат во должина од 2 700 м2.
-асфалтирани  се 8 улички во село Косел во вкупна должина од 1 000м2 и површина од 3 000 метри.  


Инаку во тек е пополнувањето  на ударните дупки низ градските улици. Акцијата веќе се реализира во централните , а  поради  стартот на летната  туристичка сезона  истата периодов продолжува на периферните улици. Со проектот е предвидено асфалтен материјал да се стави на површина од околу 1 500 квадрати.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1390  пати
Објавено на: 03.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©