Со полагање свежо цвеќе во Спомен паркот на револуцијата претпладнево започнаа активностите по повод 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид..
Делегации на општина Охрид, цвеќе положија и пред спомениците на Андон Дуков и Спас Банџов во градскиот парк, споменикот на Јасна Ристеска во село Рамне и Споменикот на паднатите борци на градските гробишта. Со цвеќе беа закитени спомен бистите на борците Мите Богоески, пред Економското училиште и Петре Пирузе- Мајски, пред Општинскиот суд.
Извор: www.ohrid.gov.mk |