Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈП „НИСКОГРАДБА“ ПОСТАВУВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ. „КАРПОШ ВОЈВОДА“
Untitled Document

Јавното претпријатие „Нискоградба“ – Охрид, денес, започна со градежни активности – поставување на атмосферска канализација, на улицата „Карпош Војвода“. На овај дел од улицата, поради неповрзаност со атмосферска канализација, години наназад се собираше вода на улицата која претставуваше проблем за жителите и минувачите на оваа улица.


Цевководот ќе биде со ширина Ф200 и ќе биде со должина до 20 метри. Ќе бидат поставени две шахти кои ќе бидат покриени со лиено железна решетка – сливници.
Со овај градежен зафат, овај долгогодишен проблем ќе се надмине.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 07.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©