На Градскиот плоштад, утре, ќе се одбележи Светскиот дена на лицата со
аутизам – 2-ри Април. Хепенингот ќе започне во 12 часот со настап на
најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, учесниците на фестивалот „Распеано
Рибарче“ како и млади таленти од основните училишта. Настанот има
хуманитарен карактер. За забавниот дел ќе бидат задолжени охридските
музичари Богдан Василески и Наум Спироски како и Силви бенд.
На плоштадот ќе бидат поставени штандови на кој што членовите од
занаетчиската комора ќе ги понудат своите услуги. Собраните средства
ќе бидат наменети за ЦКА – ПХВ проектот наречен „Сложувалка“. Овај проект е
наменет за лица со посебни способности, а целта на проектот е да се постигне
свесноста за постоењето на лица со посебни потреби во нашата средина.
Поектот го реализираат младите волонтери од Црвен крст – Охрид во соработка
со Регионалната занаетчиска комора и тим од стручни лица.
Хуманитарниот хепенинг е во организација на општина Охрид, Црвен крст –
Охрид и дефектологот Александра Апостолоска од Општа Болница Охрид, а
потпомогнат од Регионална Занаетчиска комора.
Во знак на поддршка на лицата со аутизам во период од 20 до 22 часот,
зградата на општина Охрид ќе биде осветлена во сина боја.
Извор: www.ohrid.gov.mk |