Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИЃАНИ НАЈДОБРИ ВО СПОРТСКИ РИБОЛОВ
Untitled Document

Вчера на кејот на Охридското езеро, во организација на Здружението на риболовци Спортски Клуб “Свети Стефан“ од Охрид и концесионерот на Охридското Езеро, “Пастрмка 2012“,  се одржа Првиот Отворен Куп на Македонија во спортски риболов со пливка. На натпреварувањето учествуваа 60 спортски риболовци од 16 клубови од целата земја. Екипно најдобри беа охриѓани од  ЗРСК “Свети Стефан“, пред “Барбус Фиш“од Битола и “Кркушка“ од Велес. Во поединечна конкуренција, најуспешен беше Блаже Николоски од екипата на “Мамец“ од Прилеп, а на втората и третата позиција се пласираа, Зоран Митевски од Куманово и Славко Наумоски од Охрид.

За најуспешните организаторите обезбедија пригодни подароци и заедничко дружење во ресторанот “Европа“, со најава дека ова натпреварување ќе стане традиционално на брегот од Охридското Езеро.

Во името на градоначалникот Никола Бакрачески и локалната самоуправа, риболовците ги поздрави советникот Сашо Донев, кој истакна дека Општина Охрид и во иднина ќе ги поддржува ваквите манифестации, кои преставуваат збогатување на туристичката понуда. Во таа насока, осветникот Донев најави и спортски риболовен натпревар со блинкер, кој треба да претставува посебна спортска и туристичка атракција.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1265  пати
Објавено на: 02.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©