Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ЛУПД ЗА ИЗГРАДБА НА ВИКЕНД КУЌА НА КП 2922/1, КП 2922/2 И КП 2922/3 КО КОЊСКО ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

СЕ СООПШТУВА јавна анкета и јавна презентација за ЛУПД за изградба на викенд куќа на КП 2922/1, КП 2922/2 и КП 2922/3 КО Коњско општина Охрид со тех. бр. 80/2016 од јули 2016 год. изработена од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ ДОО Скопје.
 
1.       Планскиот опфат за ЛУПД за изградба на викенд куќа на КП 2922/1, КП 2922/2 и КП 2922/3 КО Коњско општина Охрид со површина од 0,033ха оформен  е од катастарските парцели КП 2922/1, КП 2922/2 и КП 2922/3 КО Коњско.
2.       Јавната анкета ќе трае од 16.08.2016 - 23.08.2016 год.
3.       Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 19.08.2016 год. со почеток во 12.00 часот.
4.       Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица  планот ќе биде истакнат во холот  на општина Охрид пред големата сала за состаноци.
5.       Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14.00 до 16.00 часот во просториите на општина Охрид во времетраење на јавната анкета.
6.       Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1374  пати
Објавено на: 16.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©