Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЌЕ СЕ ИМПЛЕМЕНТИРА ПРОЕКТОТ ЗА ИНТЕГРИРАНА ЗАШТИТА НА СТАРОТО ГРАДСКО ЈАДРО
Untitled Document

Во просториите на општина Охрид во текот на вчерашниот ден се одржа состанок со што и официјално започна имплементацијата на проектот “Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид” финансиран од програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.


На состанокот, покрај претставниците од Секторот за ТЛЕР беа присутни и претставници од  Национална установа завод и Музеј - партнер во овој проект, потоа деканот на факултетот за туризам и угостителство, претставник од Универзитетот за информатички науки и технологии, како и претставник од секторот за култура.


На состанокот сите инволвирани страни беа запознаени со проектните активности, а се разговараше и околу формирањето на Консултативното тело кое ќе биде активно вклучено во сите фази на имплементацијата на проектот. Она што како финален производ ќе произлезе од самиот проект е подготовка на План за интегрирана заштита на старото градско јадро и Методологија за изработка на маркетинг стратегија за достигнување на одржливост на градското јадро.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1321  пати
Објавено на: 09.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©