Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ПРОДОЛЖУВА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ
Untitled Document

Со 17 гласови за и 4 воздржани советниците во Советот на Општина Охрид  на денешната 25- та седница ја изгласаа предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти.


Во деновите кога во Охрид  се случуваат  значајни културни настани и манифестации се продолжува работното време на угостителските објекти за два часа и тоа:  на  трети  и петти јули;  први, втори , трети,  осми, деветти  и десетти  август и на шести, седми  и осми   септември 2014 година. Работното време на угостителските објекти се продолжува за 1 час во деновите:  единаесетти, дванаесетти,  тринаесетти,  дваесет и петти,  дваесет и шести и  дваесет и седми јули; десетти,  единаесетти ,  дваесет и трети,  дваесет и четврти  и дваесет и петти  октомври;  шести, седми  и осми декември 2014 година.
На четврти јули  годинава, кога  Охрид  ќе биде домаќин на  културно забавната манифестација “Бело Лето“, угостителските објекти ќе работат цела ноќ.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1312  пати
Објавено на: 30.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©