Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ БУДНО ЈА СЛЕДИ СИТУАЦИЈАТА СО ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид , Никола Бакрачески  од рано утрово е на терен  со цел да  утврди   со какви последици  се соочуваат охриѓани и мештаните од приградските населби по  дводневното невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег што го зафатија охридскиот  регион.

По дојава од Кризниот штаб,Градоначалникот заедно со својот тим  на лице  место ги констатираше  последиците од  поплавените предели  во населбата Даљан на улица “Сатеска“,на пресекот на улиците “Дејан Војвода“ и “Стив Наумов“ и на ул. “Аџи Мустафа“ во населбата Воска.

По извршениот увид,по налог на Градоначалникот, стручните  екипи од општина Охрид ,  добија задолжение дополнително да обезбедат  пумпи со цел полесно да се излева   навлезената вода од домовите .

Освен првичната техничка помош која што на лице место  ја добија  граѓаните од оштетените домов,Градоначалникот вети и исплата на оштета од предизвиканата штета на загрозените семејства ,за чија цел уште утре ,2-ри февруари,  ќе биде формирана и посебна комисија при општина Охрид.

Градоначалникот Бакрачески, и стручните служби на општина Охрид во корелација со   Кризниот штаб  и наредниве денови  будно  ќе ја следат ново настанатата ситуација со поплавите на територијата на општина Охрид, предизвикани   од повисокиот водостој   на реките,каналите и канализациската мрежа.

Инаку во  текот на ноќта екипи на ЈП “Охридски комуналец“ со целокупната механизација  и работен  потенцијал активно работеа на  чистење на снегот од улиците и тротоарите низ Охрид, додека  екипи на ЈП “Водовод“ и ЈП “Нискоградба“ со својата механизација  вршеа чистење на каналите и реките низ Општината.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1331  пати
Објавено на: 01.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©