Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА РЕВИЈАТА НА ОЛДТАЈМЕРИ
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески синоќа присуствуваше на ревијата на олдтајмери што два дена се одржува во градов  во организација на   општина Охрид и АКК “Примо авј“ од Скопје.
Градоначалникот Бакрачески  ги поздрави  учесниците на случувањето  од Македонија, Србија, Бугарија и Турција кои се сопственици на  40 –те историски возила произведени до осумдесеттите години   од минатиот век. Најстариот изложен автомобил    на ревијата  беше  од 1935 година.


- Посебно е задоволството да се биде во Охрид вечерва, кога на улиците на нашиот град можеме да погледнеме автомобили кои се возеле во минатиот век, од раните триесетти години, па се педесеттите години и нешто потоа.
Овие автомобили веќе втор ден дефилираат низ улиците на Охрид и неодоливо не потсетија на минатите врамиња, во кои ние денес живите генерации не сме ни постоеле, а некои од овие  елегантни возила сме ги гледале само во филмовите.
Кога ќе ги погледнеме овие возила и елеганцијата со која зрачат секако дека ќе не потсетат на убавината на Елизабет Тејлор и привлечноста на Мерлин Монро , или на гласот на неповторливата  Марлен Дитрих, но и на танцот на Џон Траволта како и  на жестокоста на Бони и Клајд.Секако дека и нашата домашна филмска магија ги има во кадар овие автомобили.
Оваа глетка со автомобилите пред Палас неодоливо не потсети и на антологискиoт македонски филм  ‘’Мирно лето ’’.Вечерва овде мора да го спомнам и охриѓанецот Ѓоре Пирузе !Тоа е човекот кој прв донел автомобил во Охрид , и тоа возило од марката Рено .Денес по улиците на нашите градови се возат помодерни, покомфорни , далеку поудобни и побрзи возила, од овие кои сега ги наркеуваат олд  тајмери.Какви возила ќе има во иднина можеме само да фантазираме. Но без разлика дали денешните возила кога ги возиме ‘’спијат ‘’на асфалтот или идните возила можеби и нема да го допираат асфалтот, елеганцијата на олд тајмерите како и нивната уникатност ќе останат вечни
, истакна  во своето обраќање Градоначалникот Бакрачески кој  доби и благодарница од организаторите, како и од  клубот од Бугарија кои на ревијата го имаа донесено најстариот автомобил, Крајслер од 1935 година.


Благодарници  од АКК “Примо ајв“  добија и сите учесници на Ревијата како и институции кои допринесоа за реализација на настанот.
Се очекува во иднина манифестацијата да  добие традиционален карактер, а ревијалното возење да прерасне во меѓународна трка на олдтајмери. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1329  пати
Објавено на: 17.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©