Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНУВААТ ЧЕСТВУВАЊАТА ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ОХРИД
Untitled Document

Со изложбата на изработки од учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“  и со  Свечена приредба по повод патрониот празник на  училиштето што ќе се одржат во ЦК “Григор Прличев“ вечерва  во 18 часот започнуваат  Свеченостите по повод 8-ми декември, денот на заштитникот на Охрид- Свети Климент Охридски.

Во рамки  на свечената програма, утре  во 9 часот и 30 минути на кејот „Македонија“под мотото „Во здраво тело - здрав дух “, ќе се одржи Атлетски крос а вечерта со почеток во 18 часот, во  НУ библиотеката „Григор Прличев“ ќе има промоција на книгата „Златна лира“ од Пандора Јовановска- Илиевска. Во 19 часот во Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложба на ликовни творби на учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“ и ќе се одржи промоција на „Збирка задачи во С++“ – Проект изработен од ученичката Исидора Јанева и професорката Жаклина Лазаревска. Во 20 часот во големата сала на Центарот за култура ќе започне свечената програма по повод патрониот празник на гимназијата.

Свечености во чест на патронот на Охрид  продолжуваат и во текот  на претстојниов викенд. Во недела во 11 часот во ЦК “Григор Прличев“ ќе биде промовирана книгата “Охридски вистини- случки, приказни и факти од минатото“ од Илче Стојаноски а еден час подоцна на плоштадот Св. Климент Охридски ќе се одржи хепенинг насловен како “Децата за св. Климент“. Во 19. 30 часот во куќата на Робевци ќе биде отворена традиционалната изложба на Фото- клубот “Охрид“ а половина час подоцна е групното поаѓање кон Светиклиментовата црква на Плаошник- “Сите кон свети Климента“.
  Годинешните  чествувања по повод 8-ми декември денот на заштитникот на Охрид – св. Климент Охридски ќе бидат заокружени со Свечената академија која ќе се одржи во понеделник во 19 часот и 30 минути во Центарот за култура „Григор Прличев“

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1330  пати
Објавено на: 04.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©