По повод 72 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“ и Денот на Армијата на РМ, делегација на општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945, положија цвеќе пред споменикот и спомен плочата на паднатите борци на Славеј Планина и во село Годивје.
На Славеј Планина ВД претседателот на ГО на СБМ, Верка Бунтеска и претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески одржаа историски час. Во село Годивје делегациите ја посетија и спомен собата од НОБ.
Извор: www.ohrid.gov.mk |