Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ИМА КАПАЦИТЕТ ДА СЕ СПРАВИ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ
Untitled Document

Надлежните служби од општина Охрид непрекинато 24 часа се на терен и  успешно се справуваат со снежното невреме кое го зафати градов  и неговата околина.
Во расчистувањето  на градов се вклучени 14 работни машини и 3 камиони од кои два со нож за ринење на снег и еден за ризла.


 Јавните претпријатија “Комуналец“ ,“Водовод“,“Градски гробишта“ , “Ниско градба“ како и  градежните фирми  “Победа – Ботун“, “Марково Долче“ и “Нефи ИК„  се вклучени во расчистувањето на градов од снегот.
 
Две работни машини се ангажирани за расчистување на селото “Долно Лакочереј“ , улиците “Петрино“, “Радојца Новичиќ“,“Српница“  и “Кленоец“.
Со две работни машини  се чистат населбите, Рамне, Велестово, Рача, селата Елшани и Коњско и населбата Исток  .
Две работни машини работат на чистење на улиците : “Туристичка“, “Железничка“ и улицата “15-ти Корпус“. 
Од утрово низ охридските улици  почна да се  посипува  ризла и сол.
 Надлежните служби информираат  дека Охрид има капацитет да се справи со снежното невреме во поглед на навремено чистење на јавните површини од снег што значи нормално функционирање на гадот во зимски услови.   

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1337  пати
Објавено на: 29.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©