Претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњановска, денес на гинеколошкото одделение во болницата во Охрид, во име на Општина Охрид, на првороденото бебе во 2017 година, му врачи чек на 10 илјади денари и пригодни подароци. Првороденото бебе во новата 2107 година е девојче, прва рожба на мајката Нела Василевска Најденовска, а дојде на свет на 1 јануари во 14 часот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |