Интензивно се работи на изградба на кружна крстосница на пресекот
на булевар „Туристичка“ и улица „Јане Сандански“.
Во моментов на терен на овој градежен објект ангажирани се екипи на
охридските Јавни претпријатија „Нискоградба“ и „Проаква“.
ЈП „Нискоградба“ работи на поставување нова атмосферска канализација за
одведување води во износ од 1.478 000 денари а ЈП
„Водовод- Охрид“ работи на замена на старите азбестно-цементни цевки
со нови полиетиленски со вкупна должина од 300 метри. Во рамки на зафатот се
обезбедуваат приклучоци за нова водоводна линија и главен приклучок за
улица „Јане Сандански“ и за потребите на кружна крстосница со вкупен износ
од 2.400 000 денари.
Изведувачот на градежните активности, фирмата „Ив-Стил Градба“ во
моментов ги врши подготвителните активности за изградба на кружниот тек.
Вкупната цена по Договорот помеѓу општина Охрид и изведувачот „Ив-Стил
градба“ за овој проект е 5.829 798 денари.
Извор: www.ohrid.gov.mk |