Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БАКРАЧЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМОТ ОД ЈАПОНИЈА КОЈ РАБОТИ СТУДИЈА ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА КОЛЕКТОРОТ
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес оствари работна средба со тим од осум јапонски експерти на која гостите од Јапонија пред градоначалникот ги  презентираа начинот на работа, предлозите за решенија и динамиката на активности за реализација на физибилити студијата со која се планира обнова и рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро во делот кој спаѓа на ериторијата на Република Македонија .

На средбата делегацијата од Јапонија и градоначалникот Бакрачески се договорија  еднаш месечно да се одржуваат работни  состаноци  на кои ќе се информира за текот на работите и потребите за квалитетна изработка на Физибилити студијата.
Јапонскиот тим од експерти почнувајќи од денес па се до крајот на декември ќе работи на истражување и изработка на физибилити студијата за рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро и тоа континуирано во Охрид и Струга и за таа цел веќе ги договориле целите и динамиката на работа со Министерството за финансии и со Министерството за животна средина и просторно планирање. Физибилити студијата  се очекува да биде изготвена како нацрт во декември и како финална верзија во март 2015 година по што би започнала имплементацијата на приоритетните активности.

Во студијата ќе биде опфатен и просторот во атарите на селата Трпејца и Љубаништа кои до сега не се опфатени со колекторскиот систем.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1323  пати
Објавено на: 17.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©