Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НАЧИНИТЕ ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЕУ ФОНДОВИТЕ ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕД РЕЛЕВАНТНИТЕ СУБЈЕКТИ
Untitled Document

Секторот за образование во соработка со Одделението за економски развој при општина Охрид организра 4 работилници за едукација за изработка и менаџирање на проекти кои во наредниот период ќе се реализираат во континуитет.

Пристапот до европските фондови и искористувањето на средствата од нив претставуваат голема придобивка за граѓаните и општеството во целина. Токму од овие причини во управувањето со ЕУ фондовите мора да се следат строги финансиски, контролни и ревизорски процедури кои произлегуваат од позитивните законски норми на Унијата.

Првата работилница на која присуствуваа директорите и тимовите кои ќе работат на реализација на проекти од основните и средните училишта и јавната установа детска градинка се одржа денеска, а пред присутните беа презентирани основите за финансикото работење на проекти од европските фондови.

 Имајќи го во предвид сознанието дека сите европски фондови користат средства обезбедени од оданочување со цел да реализираат цели кои се сметаат пожелни и во интерес на европските даночни обврзници произлегува и строгиот аналитички пристап во делот на изработка на буџетот во еден проектен циклус – истакна Горан Мицкоски, претставник на одделението за локален економски развој.

Останатите работилници ќе се реализираат со присуство на вработените во општинската администрација, јавните претпријатија, а во соработка со Агенцијата за вработување од Охрид ќе се реализира работилница со невработени лица.

Целта на ваквите работилници е во согласност со настојувањата на општина Охрид инволвираните чинители да се оспособат за изработка на проекти и аплицирање до различните фондови за обезбедување финансиски средства.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1254  пати
Објавено на: 20.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©