Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НЕПОСРЕДЕН УВИД НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА ДОНЕСУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИТЕ ПЛАНОВИ
Untitled Document

Во насока на зголемување  на транспарентноста во работењето и вклучувањето на граѓаните и јавноста во процесот на донесување на одлуки, на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, граѓаните ќе можат да имаат непосреден увид во донесувањето на урбанистичките планови.
Со претходно најавување на телефонските броеви 262-492 и 262-493, граѓаните ќе имаат можност секој четврток од  12 – 15 часот, во Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште да остварат средба со одговорните лица и да ги добијат сите информации во однос на одредени урбанистички планови или проекти.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1243  пати
Објавено на: 19.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©