СРЦ „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ДОМАЌИН НА РАКОМЕТЕН ТУРНИР
Во сабота (13. 06 2015 година) во СРЦ„Билјанини извори “ со почеток во 10 часот ќе се одржи ракометен турнир за пионери и пионерки на кој ќе учествуваат 10 екипи , 6 машки и 4 женски.
Поединците и екипите кои ќе имаат најдобри резултати по натпреварот ќе добијат пехари .
Организатор на настанот е СРЦ „Билјанини Извори“ а покровител е градоначалникот Никола Бакрачески. Настанот се одржува со поддршка на РК Охрид 2013 и ЖРК „Мобидик“ од Охрид.
Општина Охрид во континуитет дава поддршка за спортски настани и случувања а настанот закажан за оваа сабота е потврда на заложбите на локалната власт спортот и физичките активности да ги доближат до најмладите генерации.