Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НА ПРОСТОРОТ МЕЃУ КАНАЛОТ “СТУДЕНЧИШТА“ И ХОТЕЛОТ “ПАРК“ ЌЕ СЕ ГРАДИ ОХРИДСКАТА МАРИНА
Untitled Document

Градската марина со сигурност ќе добие Охрид. Таа  ќе се гради на потегот помеѓу каналот Студенчишта  и  некогашниот хотел “ Парк“. Таа ќе се гради  по пат на јавно приватно партнерство , обелодени денес  охридскиот градоначалникот Никола Бакрачески кој по вчерашниот работен состанок со претставници од Министерствата за транспорт и врски и за одбрана како и со претставници од Охридската капетанија,  објасни зошто  била избрана оваа локација а не сегашното пристаниште кое беше едно од можните места  за градба.


-          За да се претпостави влез на приватен партнер во градба на ваква марина треба и да се      обезбеди земјиште односно локација која што ќе му овозможи на приватниот партнер да гради придружни објекти  крај  марината со што тој би ја повратил вложената инвестиција. Со оглед на тоа што во моментов ваква локација   во централното градско подрачје  тешко може да се најде, одлучивме марината да се гради на просторот меѓу каналот Студенчишта и некогашниот хотел “Парк“- објасни градоначалникот Бакрачески.


Просторот  во моментов е  неурбанизирано подрачје кое се наоѓа блиску до центарот на градот и како такво не е доволно искористено за потребите на туризмот . Во овој дел  имаше една зона во која требаше да се ревитализира Студенчишкото Блато, кое за жал во изминативе 35-40  години е целосно уништено и не  е останато ништо што би наликувало на еден одржлив  еко  -систем .


-          Како и да е ние со измените во генералниот урбанистички план кои што ги правиме , сепак оставаме и најмала можност , доколку експертите кажат дека има можност и има финансиски средства за ревитализација на дел од тоа Студенчишко блато да одредиме локација која што би била заштитена зона, согласно пстоечката законска регулатив која што е пропишана од Министерството за екологија,  потенцира  градоначалникот Бакрачески.


Просторот  каде се планира  да се гради марината   ќе се прогласи  за туристичка развојна зона.  Таа ќе биде значајна за развој на туризмот, посочи градоначалникот и укажа на неколку можности во поглед на изгледот на овој дел од градов  кои во моментов се само на степен на идеја.


-          Тука би можело да се вклопат хотелско угостителски објекти, луксузни резиденцијални објекти, еко луксузна населба во смисла на домување со изградба на систем на канали и езерца кои што се нешто невидено барем на овие простори , додаде Бакрачески и посочи дека пред што и да се направи во поглед на уредувањето на просторот  ќе се побараат мислења од експерти по екологија, архитектура и градежништво .


 Општина Охрид веќе објави јавен оглас за изработка на идејно решение за целиот тој потег почнувајќи од Студенчишкиот канал па се до  каналот Рача во кој што се јавија два субјекти кои изработија идејни решенија  од кои што можеме да изведеме појдовна точка како би изгледал идниот простор во површина од околу 30 хектари кој што е потполно неизграден и неуреден. Овие  идејни решенија се добра основа да се осмисли добра стратегија за изградба на тој простор.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1309  пати
Објавено на: 24.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©