Деновиве екипите на „Паркови и зеленило“ ги разубавуваат канделабрите во центарот на градот поставувајќи сто нови саксии со украсно цвеќе од видот сурфинија. Со ова цветно уредување се опфатени локациите кај градскиот плоштад околу споменикот Св. Климент Охридски, градскиот кеј на потегот од градското пристаниште до х.Палас и градската чаршија на потегот од плоштадот до трговскиот центар АМАМ.
Овие висечки цветни декорации се вистински украс, го разубавуваат центарот на градот и даваат убава слика за граѓаните и многубројните туристи.
Извор: www.ohrid.gov.mk |