По повод најголемиот христијански празник Велигден, ЈП Градски Пазар и
општина Охрид спроведоја хуманитарна акција. Во акцијата која беше во
координација со ОО Црвениот крст беа доделени 23 пакети со прехрамбени
производи.
Празникот е за сите. Се надевaм дека колку толку допринесовме и овие
семејства на кои им подаривме пакети да го почуствуваат празникот. Секако
огромна благодарност и до донаторите кои веднаш се одзваа на нашата покана
да помогнат во подготовката на пакетите, а тоа се АД Жито леб, Тим компани
како и АБВ Дизајн Охрид, истакна директорот на ЈП Градски Пазар Тони
Коталески.
Извор: www.ohrid.gov.mk |