Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод 3-ти Декември, Светскиот ден на лицата со хендикеп, денeс оствари средба со претставници од сите здруженија за лица со посебни потреби од Охрид.
Локалната самоуправа зеде активно учество во подршка на сите здруженија кои егзистираат во рамките Општина Охрид во одбележувањто на овој ден.
Денес имав средба со претставници на сите здруженија со кои што ние и во изминатиот период имавме активна комуникација во поглед на подршката која што нив им е потребна од страна на Локалната самоуправа, а која што е во рамките на нашите можности. Се запознавме со нивните годишни редовни активности и сето она кое им е нив потребно, а сеуште не го обезбедиле. како локална самоуправа и како Градоначаник на Охрид, поддршката на оваа категорија наши граѓани за мене е меѓу врвните приоритети. Воспоставената досегашна соработка ни дава право за идната година да очекуваме поголемо ангажирање од страна на локалната самоуправа за потребите на здруженијата и лицата со посебни потреби. – изјави Никола Бакрачески, градоначалник на општина Охрид
Изминатиот период локалната самоуправа презеде низа активности, со кои им се подобри секојдневното функционирање. Направен е информативен пулт за лица со посебни потреби, а задолжени се вработени од општина Охрид да им излезат во пресрет за сите потреби кои што ги имаат во локалната самоуправа.
Од неодамна е ставено во функција и специјализираното возило за транспорт на лица со посебни потреби, преземена е комплетната одговорност, трошоците за одржување, регистрација, гориво и обезбедување на возач за здруженијата кои треба да го користат, исто така им е обезбедена и финансиска подршка, реквизити и потребни ресурси за овие здруженија.
Се надевам дека со огласот кој што го објавивме во општина Охрид, сите здруженија вклучително и здруженијата на лица со посебни потреби, спортските клубови, културно уметничките здруженија, невладините организации, имаат можност да аплицираат програми за кои сметаат да бидат подржани и финансирани од општина Охрид. Ке овозможиме на тие лица во текот на 2014 година да имаат комплетен увид во тоа што од нивните активности локалната може да подржи и за што ќе треба во една координирана активност заедно со службите на општина Охрид да се побараат дополнителни средства. – изјави Бакрачески
Општина Охрид стои на располагање за сите барања и постојано ке ја унапредува подршката на овие здруженија. Во наредниот период локалната самоуправа со изградба на пристапни рампи ке ја подобри достапноста на институциите до овие лица.
Извор: www.ohrid.gov.mk |