Синоќа на градскиот плоштад “Св. Климент- Охридски“ започна
неколкудневната предновогодишна програма која е во организација
на општина Охрид.
Бројни охриѓани ги проследија настапите на дел од учесниците
на детскиот фестивал “Распеано рибарче “ и на учениците од
основните училишта “Григор Прличев “ и “Св. Наум Охридски “ од Пештани
.
Вечерва, во рамки на новогодишната програма која започнува во 18 часот на
градскиот плоштад ќе настапат учениците од основните училишта, “Ванчо
Николески“ од село Лескоец и од “Братство – единство“. До четврток во
реализација на празничната програма се вклучени учениците
од сите основни и средни училишта во градов, а во наредните денови се
предвидени настапи на културно уметнички друштва и останати
претставници од културниот живот на Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |